Од хартија, Excel или друга програма

Преминете во Praxa
чекор по чекор

Пред да почнете, ви кажуваме што може да се пренесе, а што останува кај вас. Без затворање на ординацијата.

  • Excel и CSV
  • Проверка за дупликати
  • Помош од нашиот тим

Што се пренесува денес

  • Список на пациенти

    Име, контакт и основни податоци од Excel или CSV, со проверка пред зачувување.

  • Медицинска историја

    Алергии, болести и лекови се внесуваат како непотврдени, додека стоматологот не ги потврди.

  • Картони и терапии

    Зависи од тоа што вашата програма може да извезе. Прво ја гледаме структурата, па ви кажуваме.

  • Снимки

    Рендгенските снимки не се пренесуваат. Остануваат во сегашниот систем.

Како изгледа преминувањето

  1. Разговор

    Која програма ја користите и колку пациенти имате.

  2. Опис без податоци

    Ни праќате само опис на датотеката, без податоци на пациентите.

  3. Увоз кај вас

    Датотеката се отвора на вашиот компјутер и се зачувува само во вашата ординација.

  4. Проверка

    Ги гледате дупликатите и редовите со грешка, пред да потврдите.

Сè уште сме на хартија. Од каде?

Почнете со новите пациенти. Постојните картони внесувајте ги кога пациентот ќе дојде на преглед.

Дали мора веднаш да ја откажеме старата програма?

Не. Препорачуваме да ја задржите за читање додека не се уверите дека сè е на место.

Можеме ли да си заминеме со податоците?

Да. Сопственикот на ординацијата може да ги извезе сите податоци, со својата лозинка.

Прашајте што може да се пренесе кај вас

Ни оставате контакт, ви се јавуваме, ви ја покажуваме програмата и го отвораме вашиот профил. Без картичка.

Пробај 30 дена бесплатно