Прашања
Сè што прашуваат стоматолозите, пред да почнат
Кратки и директни одговори. Ако вашето прашање го нема, прашајте нè.
Почеток
Што е Praxa?
Praxa е стоматолошки софтвер, односно програма за стоматолози: картони, одонтограм, термини, план на терапија и наплата. Работи како софтвер за стоматолошка ординација со еден стоматолог и за поголем тим.
Дали треба нешто да се инсталира?
Не. Praxa работи во прелистувач, на компјутер и на таблет.
Како почнуваме?
На презентацијата ќе ви покажеме како Praxa се вклопува во работата на вашата ординација. Ако одлучите да почнете, ви помагаме да го поставите работниот простор и да го додадете тимот.
Можам ли да ги пренесам пациентите од друга програма?
Ако преминувате од друга програма, можеме да ви помогнеме да ги пренесете списокот и податоците на пациентите, вклучително и нивните картони, и да ја подготвите Praxa за работа. Преносот зависи од податоците што може да ги извезете. При увоз од Excel или CSV проверуваме за дупликати пред зачувување.
Сè уште сме на хартија. Од каде да почнеме?
Можете да почнете веднаш со рачно внесување на новите пациенти. Постојните картони додавајте ги постепено, кога пациентите ќе дојдат на преглед.
Колку трае бесплатниот период?
30 дена за Pro и Max, без картичка. Потоа вие одлучувате.
Секој ден во ординацијата
Дали е за повеќе стоматолози и столови?
Да. Календарот се гледа по стоматолог и по стол, за ден или за цела недела.
Можам ли да ги внесам моите услуги и цени?
Да. Имате свој ценовник, со можност за посебна цена по стоматолог.
Можам ли лесно да презакажам термин?
Да. Го избирате терминот и го преместувате на друг слободен час во календарот.
Дали пациентите добиваат потсетници?
Планираме потсетници за термини преку Viber, WhatsApp и SMS. Испраќањето SMS може да се наплаќа дополнително.
На кои јазици е Praxa?
На македонски, албански и англиски. Секој член на тимот го избира својот јазик.
Податоци и безбедност
Каде се чуваат податоците?
Кога ординацијата ќе се поврзе, записите се чуваат на нашиот сервер во Скопје, одвоени од другите ординации.
Кој може да ги види картоните?
Во серверската верзија, податоците на пациентите се чуваат на заштитениот сервер на Praxa. До картоните пристапува овластениот персонал на ординацијата според доделените дозволи.
Дали лабораторијата го гледа името на пациентот?
Не. Налогот носи шифра, не име.
Може ли картонот случајно да се избрише?
Не. Стоматолошкиот картон се архивира, не се брише.
Што ако снема интернет?
Отворениот календар останува видлив ако прекине интернетот. За нови внесови е потребна интернет-врска. Може да користите и мобилен интернет преку хотспот од телефонот.
Цена и договор
Дали се плаќа по стоматолог?
Pro е за еден стоматолог. Max е една цена за сите стоматолози во ординацијата. Асистентите и рецепцијата не се доплаќаат.
Дали претплатата се наплатува автоматски?
За секој период добивате профактура и плаќате со банкарски трансфер. Планираме и месечна претплата со картичка, со автоматско обновување што ќе може да го исклучите во секое време. Планираме да оставиме 15 дена по истекот на платениот период за да ја обновите претплатата по профактура. По тој рок ќе се прекине активното користење. Картоните се чуваат и можете да побарате извоз.
Дали е поврзана со ФЗОМ и Мој Термин?
Сè уште не. Побаравме пристап од институциите и ќе ве известиме кога поврзувањето ќе работи.
Имате друго прашање?Прашајте нè
Пробајте ја Praxa во вашата ординација
Оставете ги вашите податоци. Ви се јавуваме, ви ја покажуваме програмата и го отвораме вашиот профил: 30 дена бесплатно, без картичка.
Пробај 30 дена бесплатно